ЖФК Каменица Саса и АС Јунајтед ќе играат за титулата во Купот

Екипите на ЖФК Каменица Саса и АС Јунајтед ќе играат за титулата во сениорскиот женски фудбалски Куп на Македонија.

ЖФК Каменица Саса беше убедлива и на домашен терен славеше над Борец со убедливи 8-0. Ана Димитровска и Пејтон Чик постигнаа по хет-трик, додека Ленче Николовска и Пале Николовска дадоа по еден гол.

Во второто полуфинале паднаа исто така многу голови, а ЖФК Тиверија Струмица на домашен терен загуби од АС Јунајтед (4-5).

Финалето од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се игра на 18 мај. Локацијата на мечот за титула дополнително ќе биде утврдена.