Каланоски единствен стрелец, Гостивар минимално загуби од Крумовград

Македонскиот второлигаш Гостивар продолжува да ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ, во кој ќе атакува на директен пласман во елиата на мак-фудбалот.

Денес, амбициозниот второлигаш ја отвори серијата пријателски натпревари во рамки од подготовките во Анталија. Гостиварци загубија со 1-2 од бугарскиот тим Крумовград. Единствениот погодок за македонскиот тим го постигна Антонио Каланоски во 37.минута.

Најквалитетниот тим на хартија нема пораз во второлигашкото друштво и заслужено презими на лидерската позиција на табелата. Тренерот Октај Дерелиоглу во текот на зимскиот трансфер период го засили својот тим со неколку квалитетни засилување.

Новитет во Гостивар се Симеон Христов како најголемо засилување и тоа од директниот конкурент Вардар, заедно со Андреј Кировски, Рушту Јонус, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амази и Реџан Абази.