Јувентус пријави рекордна загуба од 250 милиони евра

Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус очигледно е во големи финансиски проблеми. По крајо на ланската сезона „бјанконерите“ пријавија загуба од 250 милиони евра.

По сезоната 2020/21, тимот од Торино беше на минус 209 милиони евра. Клубот објасни дека загубата се должи на последици од пандемијата со коронавирусот.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, ова е рекордна бројка на загуба за „старата дама“. Тоа сепак не го спречи Јуве да прави милионски трансфери ова лето.

Од 2017 до 2022 година, италијанскиот тим запишувал загуби во однос на купување и продажба на нов кадар.