Јувентус ги обнови преговорите за купување на „СМС“

Раководството на Јувентус ги обнови преговорите за купување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Кориере дело спорт“. „Старата дама“ се соочува со големи проблеми на средината на теренот со оглед на тоа дека Пол Погба е повреден и некои прогнози велат дека можеби нема да игра до крајот на годината. Исто така, Вестон Мекени го измести рамото и го чека еден месец пауза.

Затоа, торинскиот клуб ги рестартира преговорите со агентот на српскиот репрезентативец Матеј Кежман, кои течат многу успешно. Сепак, проблем е претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој не сака да го ослободи Сергеј за отштета помала од шеесет милиони евра.

Челниците на Јувентус ќе се обидат да ја спуштат таа цена, но ќе видиме дали ќе успеат или на крајот ќе се откажат од доведување на еден од најдобрите српски фудбалери, за кого интерес има и од Манчестер Јунајтед.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.