Јуве под истрага за фалсификување, му се заканува исфрлување од Серија А

Италијанската фудбалска федерација покрена истрага против Јувентус. „Старата дама“ е обвинета дека на играчите им плаќала различни суми од официјално објавените.

„Фудбал Италија“ наведува дека Јувентус може да биде дури и исфрлен од Серија А.

„Фалсификувањето на сметководствени или административни документи или било која друга незаконска активност може да предизвика одземање на бодови или дури и исфрлање од лигата“, пишуваат Италијанците.

Пред неколку дена оставка поднесе раководството на Јувентус на чело со претседателот Андреа Ањели, а најверојатно улогата на клупски претседател ќе ја преземе сметководител со цел клубот што е можно подобро да се справи со финансиските и правните проблеми.