ВИДЕО: Јуве целосно потона и вторпат сезонава загуби од Монца!

Кризата на Јувентус на сите полиња оваа зима продолжува. По казната и одземањето на петнаесет бодови, „старата дама“ освои само еден бод на два домашни натпревари и пропушти шанса да фати приклучок со Аталанта, миланските и римските клубови. Попладнево Јуве во Торино загуби од Монца со 0-2 (0-2), што е прворазредна сензација во Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Алегри се одлучи за многу промени во стартниот тим и нападот го предводеше Моизе Кин, а не Милик и Влаховиќ, а во одбраната од првата минута шанса добија Де Шиљо и Гати. Мотивираната Монца, водена од поранешниот „јувентино“, Рафаеле Паладино од самиот почеток се наметна и преку Патрик Чуриа дојде во водсто. Во моментите на подобра игра на момците на Алегри, дојде пеколната контра на Чуриа, по која Дани Мота мајсторски ја матира одбраната и голманот Шчесни (0-2). 

На почетокот од вториот дел Локатели го замене Паредес, па Јувр веднаш се наметна со две шанси по прекини. Се редеа шанси на Ди Марија, Милик и нововлезениот Влаховиќ, но резултатот не се менуваше. Со свирежи фудбалерите на Јувентус беа испратени од своите фанови, па овој пораз е лош знак пред Куп-натпреварот против Лацио и враќањето на евро-куповите. 

Попладнево играат Лацио и Фиорентина, а вечерва Наполи и Рома. Колото се затвора утревечер со натпреварот Удинезе - Верона.

Состави

Масимилијано Алегри

3-5-1-1

    Рафаеле Паладино

    3-4-2-1