• Сашо Поповски

Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид беше едно од промашувањата во минатата сезона. Белгискиот ас, кој требаше да биде прва ѕвезда во дресот на мадриѓани, разочара со формата и физичкиот изглед од кој беа изненадени сите.
Сега пристигна нова фотографија од белгискиот репрезентативец од која уште повеќе се лути во таборот на „кралевите“. На истата може да се погледне дека Азар и ова лето не работел доволно за да ги убеди фановите дека ќе се врати во својата најдобра натпреварувачка форма.
Вишокот на килограми кај 29-годишникот сигурно ќе донесе нови главоболки за Зинедин Зидан кој од него има високи очекувања, кои не се исполнија во првата година од заедничката соработка на „Сантијаго Бернабеу“.
Останва да видиме дали нешто ќе се промени во наредните неколку недели кога и официјално ќе тргне новата фудбалска сезона.