Италијанскиот кластер проблем за ПСЖ, две ѕвезди отпаднаа за Баерн

Утре Баерн Минхен ќе го дочека ПСЖ во репризата на ланското финале во Лигата на шампионите. Среќата посака двата гиганти да играат двомеч во четвртфиналето, а парижани први гостуваат во Минхен. 

Пред патот во Германија, предводникот на тимот Маурицио Почетино доби лоши вести, поврзани со италијанските играчи во тимот. Бидејќи во таборот на репрезентацијата на „азурите“ се појавија повеќе заразени играчи со ковид-19, проблемот дојде и во ПСЖ. 

Имено, Алесандро Флоренци и Марко Верати се позитивни со коронавирус и нема да бидат на располагање на Почетино. Сепак, ослабен ќе биде и Баерн кој ќе мора да се снајде без Роберт Левандовски кој се повреди во настапите за Полска.