Италијански прволигаш на Кавани му нуди 200.000 евра за секој погодок

Кавани

Италијанскиот прволигаш Салернитана има голема желба во своите редовите да го доведе Единсон Кавани.

Управата на клубот подготвила богатство за секој погодок на уругвајскиот фудбалер. Се споменува сума од 200.000 евра за секоја реализација во претстојната сезона. Исто така, тој ќе ја добие капитенската лента и ќе биде неприкосновен лидер на првата екипа.

Договорот наводно гласи два милиони евра за секоја од наредните две години. Дополнително има клаузула која го ослободува да си замине кога и да посака.

Италијанскиот фудбал е добро позната работа за Кавани, кој во минатото го носеше дресот на Наполи и Палермо.