Италијанците предвидуваат: Елмас ќе добие важна улога од Спалети

Спалети

Доаѓањето на Лучијано Спалети на клупата на Наполи донесе убави вести за Ељиф Елмас. Македонскиот фудбалер не беше миленик на Џенаро Гатузо, а сега се надева дека нештата ќе се променат во претстојната сезона.

Италијанските медиуми предвидуваат дека младиот офанзивец ќе добие важна улога во тимот. Причината за тоа е неговиот начин на играње и разбирање на фудбалот, кој одговара на филозофијата на новиот стратег на „наполитанците“.

62-годишниот тренер практикува 4-2-3-1 формација. Очекувањата се дека нашиот интернационалец ќе ја добие позицијата зад првиот напаѓач, каде ќе ги користи своите технички квалитети и предности за да учествува во завршницата на акциите.

Во ланската сезона Елмас одигра нешто повеќе од 700 минути и често добиваше шанса од клупата за резерви. Се појави на 33 меча во Серија А и постигна три гола.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.