Ељиф Елмас веќе четврта година е играч на италијанскиот калчолигаш, Наполи. Нашиот фудбалски „дијамант“ има договор со актуелниот шампион до 2025 година, но во Неапол деновиве престојуваше неговиот агент, Никола Ѓошевски, и се зголемија шпекулациите за иднината на македонскиот репрезентативец.