ИСТОРИЈА: Клуб од Гибралтар се пласира во групна фаза на УЕФА натпреварување

Во фудбалот често пати се случуваат чуда, а такво нешто се случи вечерва, во плеј-офот од квалификациите за Конференциската лига – екипа од Гибралтар ќе игра во групната фаза на новофирмираното натпреварување на УЕФА.

Претпоследно рангираната европска земја на ФИФА ранг листата, Гибралтар ќе има свој претставник во Европа следната сезона. Станува збор за тимот на Линколн, кој вечерва по продолженија со 3-1 ја елиминира летонска Рига.

Резултатот на овие екипи пред седум дена застана на 1-1, исто како и вечерва, по што реваншот влезе во дополнителни триесет минути, во кои поуспешени беа домашните фудбалери и слават историски момент за гибралтарскиот фудбал.

Головите вредни најголем успех на Гибралтар во фудбалската историја ги постигнаа легендарната Чиполина во наподолнувањето од првото продолжение и Ронан во последните секунди од второто.