Исмаили: Санта Клара е добар тим, но ние сме подготвени

Во име на Шкупи пред натпреварот против Санта Клара во Конференциската лига на УЕФА говореше капитенот на чаирчани, Фати Исмаили. Играчот од средниот ред вели дека ако Шкупи биде на ниво, може да извлече добар резултат со португалскиот тим.

„Ние сме максимално подготвени за натпреварот кој следи. Играме против добар тим, Санта Клара. Сакам да потенцирам дека сме подготвени и дека веруваме во нас. Ако ние на терен го покажеме најдоброто од нас, можеме да извлечеме позитивен резултат и да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Исмаили.

Шкупи и Санта Клара играат на Арената „Тодор Проески“ в четврток од 20:00 часот, а билетите се веќе во продажба и чинат 200 денари.