Инзаги: Куртоа беше несовладлив, ќе бев незадоволен и со реми

Иако одигра одличен натпревар, ги имаше позрелите шанси и остави подобар впечаток од ланските два натпрецвари, Интер пак загуби од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Голот на Родриго во 89. минута го одлучи дуелот, во кој мадриѓаните имаа многу голема дозана среќа и мора да му се заблагодарат на Тибо Куртоа за одличната партија на голот. 

Тренерот на првакот на Италија, Симоне Инзаги го искажа своето видување за синоќешниот натпреварот.

„Моравме да бидеме внимателни, имаше само уште една минута до крајот на натпреварот. Побарав карактер и храброст од моите фудбалери и тие тоа ми го прикажаа. Сепак, беше тешко да го совладаме Куртоа. Штета што загубивме, играчите го дадоа максимумот. Ако продолжиме да играме вака, ќе стигнеме до осминафиналето. Вечерва ќе бев незадоволен дури и со нерешен резултат. Игравме навистина добро“, заклучи Инзаги. 

Следна шанса за европски бодови „нероаѕурите“ ќе имаат во Украина против Шахтјор за две недели.