Инзаги: Јас сум виновен, но гледам светлина на крајот од тунелот

Симоне Инзаги, тренерот на Интер, ја презеде одговорноста за лошиот старт на „нероазурите“ во сезоната во Серија А.

Тимот од Милано претрпе три порази во првите седум кола и со 12 бода моментално е само на седмото место во италијанскиот шампионат. Во последниот натпревар беше поразен од Удинезе со 3-1. И покрај бројните повреди во неговиот ростер, Инзаги не сакаше да бара изговори.

„Вината е само моја. Имавме лош почеток на сезоната, но ништо не е загубено. Во игра сме и во италијанското првенство и во Лигата на шампионите. Верувам дека наскоро ќе почнеме да бележиме добри резултати во серија. Гледам „светлина на крајот од тунелот“ на мојот Интер“, рече Инзаги.

Ова лето Ромелу Лукаку се врати во Интер како најголемо засилување, но моментално е повреден.