Инзаги: Да играме со Милан уште десет пати, ќе победиме девет!

Екипата на Интер загуби во „Дерби дела Мадонина“ од Милан со пресврт (1-2). Шампионот водеше и имаше контрола, ама потоа целосно се опушти и казната стигна преку Оливие Жиру. Тренерот на „нераѕурите“, Симоне Инзаги беше видно незадоволен по поразот и кажа:

„Тоа е фудбалот, иако доминиравме ние не бевме конкретни во завршницата. Милан имаше малку среќа при првиот, а беше паметен при вториот гол. Во последните 25 минути многу грешевме. Овој пораз боли, ама силните тимови мора да ги анализираат грешките. 

Ако го играме натпреварот уште десет пати, ќе победиме на девет. Знаеме колку е важно дербито, не заслуживме да загубиме. До израмнувањето Милан не направи ништо, ама ова е важна лекција“, изјави Инзаги.

Интер и понатаму е лидер во првенството, ама сега има само бод повеќе од градскиот ривал. Доколку го победеа Милан, тогаш и дефинитивно тоа ќе беше крај на надежите за скудетото на „росонерите“. Лидерот има натпревар помалку и тоа е адут повеќе во битката за врвот. 

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Стефано Пиоли

    4-2-3-1