ВИДЕО: Интер ја продолжи потерата по лидерот и се надева на чудо

Екипата на Интер го одложи шампионското славје на Милан за вечерва. „Нераѕурите“ победија на гости кај Каљари (1-3) и му го загорчија калчолигашкиот статус, а себеси се ставија во позиција да веруваат во чуда.

  • Извештај од натпреварот:

Интер во последното коло влегува со два бода помалку од градскиот ривал Милан кој е на првото место. Последните натпревари носат гостување кај Сасуоло на Милан, додека Интер е домаќин на Сампдорија. „Нераѕурите“ ќе се надеваат на чудо и пораз на градскиот ривал, затоа што само така со победа може да го одбранат тронот.

Играч на натпреварот во Сардинија беше Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот напаѓач продолжи да игра во страшна форма и со два гола во второто полувреме ја потврди победата. Првиот гол за Интер го постигна Дармиан во 25. минута, додека единствен стрелец за Каљари беше Ликојанис за 1-2.

Последната рунда во Серија А се игра на 22 мај.

Состави

Fabio Liverani

3-5-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2