Интер игра, ама Милан се прашува

Факт е дека Интер во последното коло и во мечот со Сампдорија влегува со два бода помалку од лидерот Милан, но нам „неразурите“ ни делуваа како најсериозен претендент за тронот во текот на целата сезона. Тоа можеа да го материјализираат, долго време имаа адут во ракавот во форма на преостанатиот натпревар со Болоња, но тој тим одигра меч за својот тренер Синиша Михајловиќ, кој повторно се бори со леукемијата, и му го нанесе единствениот пораз во сите натпреварувања од крајот на февруари. Во меѓувреме, бранителот на титулата го освои Купот на Италија, откако во финалето беше подобар од Јувентус, а пресметката со опуштената Сампдорија ќе започне со исто толку стремеж за победа, колку и со надеж за грешка на соседот на гостувањето во Сасуоло.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Интер - Сампдорија

Домашниот тренер Симоне Инзаги ги има на располагање речиси сите играчи, единствениот кој е под знак прашалник поради повреда е уругвајскиот играч за врска Матијас Весино. Неговиот колега, пак, Марко Џампаоло, ќе биде без дефанзивецот Омар Коли, кој беше исклучен во четвртата минута од судиското надополнување со Фиорентина, додека неизвесни се настапите на напаѓачот Себастијан Џовинко и играчот од средниот ред Стефано Сенси.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Серија А

Гостите долго време беа во опасност од испаѓање, но се извлекоа, а против „виола“ во последното коло беа многу ефикасни, иако дуелот беше многу важен за клубот од Фиренца. Сампдорија и Интер одиграа 2-2 во септември, што беше нивни шести последователен меѓусебен натпревар на кој дојде ГГ3+. И сега треба да се разгледа оваа опција, додека кецот е сигурен, но квотата за него е мала, па изберете комбинација со 3+.