• Мартин Танасковски

Воска Спорт направи историски резултат и се пласира во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за првпат во своето постоење. Предводникот Берат Имери го промени скоро цел тим на стартот на сезоната, никој не предвидуваше вакво нешто, меѓутоа Воска успеа да стекне елитен статус.
„Честитки на сите кои се дел од овој историски успех, многу сме среќни затоа што успеавме да ја донесеме Воска во Првата лига на Македонија. Го заслуживме овој успех со резултатите, затоа што кога ќе ја погледнеме статистиката, го имаме најефикасниот тим во Втората лига со вкупно 84 гола, што е 2,8 гола по меч, а исто така го имаме и најдобриот стрелец Бехар Фета кој даде 29 гола“, изјави Имери за промоцијата.
Воска заврши на лидерското место во ВМФЛ, веднаш пред Гостивар кој по скоро една деценија се враќа во ПМФЛ. Третопласиран е Вардар, нему му следи бараж со Скопје за прволигашки статус.