• Сашо Поповски

Арсенал потврди дека македонскиот голман Дејан Илиев во наредната сезона ќе брани во словачки Серед.
Тоа ќе биде втора етапа за нашиот интернационалец во клубот од Словачка. Таму беше на позајмица во сезоната 2019/20.
All the best, Deyan https://t.co/78Bg0oTzWK
— Arsenal Academy (@ArsenalAcademy) July 26, 2021
Ланската сезона талентираниот чувар на мрежата ја одигра во англискиот второлигаш Шревсбери Таун.
Илиев потекнува од школата на екипата на Беласица. Во Арсенал пристигна пред девет години, каде беше еден од најзаслужните за освојувањето на премиерлигашката титула на У23 тимот на „топџиите“ пред три сезони.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.