Играчите на Партизан понижени од навивачите: Приморано скандираа „Управа, оди си...“ (ВИДЕО)

Партизан

Фудбалерите на Партизан го загубија двомечот со АЕК Ларнака на Иван Тричковски и останаа без пласман во плеј-офот за пласман во УЕФА Конференциската лига.

Навивачите на „црно-белите“ уште еднаш ја покажаа својата лоша страна. По мечот ги натераа фудбалерите да се соберат и да скандираат „Управа, оди си...“.

Тренерот Илија Столица исто така беше испратен со пцовки и навреди. Наскоро се очекува управата да одлучи за новиот тренер кој ќе биде негова замена, поради лошите резултати на стартот од новата сезона.