Ибрахимовиќ: Раиола ќе ми кажеше играј уште десет години за да „крадеме“ пари...

Ибра

Златан Ибрахимовиќ го одржа ветувањето и по кам-бекот во Милан успеа да донесе титула во Серија А.

Победата над Сасуоло значеше радост за тимот на Стефано Пиоли во домашното првенство по пауза од цели 11 години. По мечот шведскиот ветеран му ја посвети титулата на починатиот агент Мина Раиола.

„Реков дека ќе се вратам и ќе донесам титула во Милан. Тоа ми прави големо задоволство. Ова скудето му го посветувам на Мино Раиола. Бев многу блиску до Наполи, тој ми кажа дека јас сум единствениот кој може да го спаси Милан. Така и беше. Што ќе ми кажеше денес? Дека треба да играм уште 10 години, па да „крадеме“ уште пари“, рече напаѓачот на „росонерите“.

40-годишникот од Малме се врати во Милано пред две години, по кратка авантура во Соединетите Американски Држави.

Состави

Алесио Дионизи

4-3-3

    Стефано Пиоли

    4-2-3-1