ВИДЕО: Ибра во свој стил – излезе да слави титула со пура и шампањско!

Екипата на Милан, по пауза од единаесет години, одново е шампион на Италија, а како и при последното скудето, одново во тимот е Златан Ибрахимовиќ. 

Контроверзниот Швеѓанец со балкански корени, секогаш е меѓу најлудите во екипите за кои настапува. Ибра одново беше меѓу клучните фигури, миленик на навивачите и човек кој секогаш покажува свој стил. Така беше и на славјето на трофејот во Реџо Емилија, бидејќи Ибрахимовиќ на теренот излезе со шампањско и пура.

  • Излезот на Ибрахимовиќ на теренот на „Мапеи Стадиум“:
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Serie A (@thatseriea)

Покрај Ибрахимовиќ, на теренот со пури излегоа француските фудбалери Оливие Жиру и Тиемуе Бакајоко.

Милан го остави градскиот ривал зад себе и сосема заслужено го освои скудетото, иако малкумина им даваа шанси на почетокот на сезоната. 

Состави

Алесио Дионизи

4-3-3

    Стефано Пиоли

    4-2-3-1