Ибра со моќен говор по скудетото: Милано не е на Милан, Италија сега е на Милан! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ најемотивно од сите го доживеа освоеното „скудето“ со Милан во Серија А. По победата над Сасуоло, „росонерите“ се вратија на тронот по единаесет години, а најискусниот во тимот одржа моќен говор.

Ибра ги собра сите во соблекувална, а на почетокот им посочи дека овој говор нема да биде за крај на неговата кариера. Говореше за сезоната, како сите го гледале Милан од почетокот, но сега ситуацијата се променила.

„Дојдете сите тука! Момци, бидете мирни, нема да се збогувам“, започна Ибра и продолжи: „Момци, од првиот ден кога дојдов јас, а потоа дојдоа сите останати, малкумина веруваа во нас. Но, кога дознавме дека треба да дадеме жртва, да патиме, да веруваме, да работиме... Кога тоа се случи, тогаш станавме една група. А, кога си група, можеш да ги достигнеш работите кои ние ги достигнавме.

Сега, ние сме шампиони на Италија. Прво, сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи. Говорам во име на целиот тим сега, исто сакам да искажам благодарност до Паоло Малдини, Рики Масара и Иван Газидис. Не беше лесно, но ние бевме вистиснка група оваа сезона.

На стартот на првенството никој не веруваше во нас, но со почитување на принципите, станавме посилни. Многу сум горд на сите вас. Сега, направете ми услуга: славете како шампиони, затоа што Милано повеќе не му припаѓа на Милан, туку цела Италија е на Милан!“, гласеше говорот на Ибрахимовиќ.

  • Обраќањето на Златан во соблекувалната:

За Милан ова беше деветнаесетто „скудето“ во историјата. Тимот од Милано така на табелата по број на освоени титули се изедначи со градскиот ривал Интер.

Состави

Алесио Дионизи

4-3-3

    Стефано Пиоли

    4-2-3-1