Хрватите „удрија“ по Ристовски: Тој се колнеше дека го сака клубот, па го остави на цедило!

Трансферот на македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски, во редовите на Спортинг Лисабон, речиси е завршена работа. Како што откриваат португалските медиуми за истиот да се реализира преостануваат само уште ситни детали и десниот бек дресот на Ријека ќе го промени со оној на португалскиот гигант. 

Ваквата одлука на Ристовски наиде на бурни реакции од страна на хрватските медиуми кои веќе го нарекоја „предавник“.

„Фудбалерот кој „ништо не знаел за овој трансфер“ по три дена се поздрави со своите соиграчи и ја напушти тренинг базата на клубот, каде фудбалерите на хрватскиот шампион се подготвуваат за денешниот меч против Осијек. Месеци наназад се колнеше дека го сака клубот и навивачите, а сега го остави на цедило“, пишува хрватски „Индекс“. 

Ријека за овој трансфер ќе инкасира 3.5 милиони евра, а во договорот со Спортинг Лисабон Ристовски ќе има откупна клаузула од 45 милиони евра.