Холандската легенда со немилосрдна критика за капитенот на Јунајтед

Поранешниот холандски фудбалер, Рафаел Ван Дер Варт беше немилосрден со својот коментар на сметка на Хари Мегвајер по дебаклот на Манчестер Јунајтед со Ливерпул (0-5). Стоперот од Англија е на мета на критичарите поради последните настапи за „ѓаволите“. Сега, на низата се надоврза и Холанѓанецот кој беше навистина драстичен.

„Мислам дека Мегвајер секој ден кога ќе дојде дома и вели на сопругата: „Баш сум ужасен фудбалер, но заработувам огромни пари и тие мислат дека сум добар во тоа““, кажа Ван Дер Варт.

Во дуелот од ова коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед доживеа досега невидена бламажа. Во дербито против лутиот ривал Ливерпул, „црвените ѓаволи“ загубија со огромни 5-0 пред домашните фанови на „Олд Трафорд“.