ВИДЕО: Хет-трик на Караваев, Динамо Киев даде четири гола со Силекс

Екипата на Динамо Киев беше подобра од Силекс (4-0) во контролниот натпревар кој се одигра во Турција.

Украинскиот тим демонстрира квалитет и со три гола во првиот дел си ја заврши работата против кратовчани. Динамо даде три гола во воведните 45. минути преку Александар Караваев, стрелец на хет-трик, а пред крајот погоди и Царенко.

Силекс останува без победа на подготовките, откако претходно загуби од полска Ресовија (1-2), а ремизира со Сутјеска (2-2) и Согдиана (1-1).

Вториот дел од Првата фудбалска лига стартува за време на викендов, а кратовчани во првото коло се слободни.