Херојот на Ајнтрахт: Освојувањето на трофејот е поубаво од сексот

Ајнтрахт од Франкфурт по пауза од 42 години повторно освои европски трофеј, а херој во пенал серијата од финалето на Лига Европа против Ренџерс беше Кевин Трап.

Искусниот голман беше на висина на задачата во текот на целиот натпревар, особено кога беше најпотребно - во 118. минута одбрани зицер на противникот, а потоа му одбрани пенал на Ремзи за големо славје на својот тим.

„Имавме чувство дека ова ќе се случи, дека ќе го добиеме ова финале. Во 2019 година драматично загубивме од Челзи во полуфиналето, а оваа сезона имавме феноменална серија во Лига Европа. Едноставно, ова го заслуживме. Не знам дали се согласувате со мене, но освојувањето на овој трофеј е подобро од сексот! Дефинитивно е нешто убаво, како секс“, рече Трап.

За 31-годишниот голман ова е прв трофеј со тимот на Ајнтрахт, а претходно во својата кариера на вакви моменти се радуваше носејќи го дресот на Пари Сен Жермен. 

Состави

Oliver Glasner

3-4-2-1

    Giovanni van Bronckhorst

    4-2-3-1