Хау: Нема вистина за доаѓањето на Роналдо во Њукасл

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, ги отфрли наводите за клаузула во договорот на Кристијано Роналдо со Ал Наср, според која португалскиот напаѓач би можел да се пресели во англискиот клуб доколку се квалификува во Лигата на шампионите.

„На Кристијано му посакуваме сè најдобро во неговата нова средина, но од наша перспектива, нема вистина во тоа“, изјави Хау за „Скај“ пред почетокот на натпреварот против Арсенал.

Шпанска „Марка“ објави дека договорот меѓу Роналдо и саудискиот Ал Наср вклучува клаузула за трансфер на 37-годишниот играч во Њукасл, кој од 2021 година е во сопственост на Фондот за јавни инвестиции од Саудиска Арабија.

Роналдо на 30 декември потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср, а поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус ќе заработува 173 милиони фунти годишно.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.