Халилхоџиќ не попушта: Мароко ќе треба да му исплати милиони ако сака да го избрка

И покрај бројните најави дека ќе добие отказ, Вахид Халилхоџиќ најверојатно ќе остане на клупата на мароканската фудбалска репрезентација. Искусниот стратег пред извесен период испиша историја и со четврта селекција избори пласман на едно Светско првенство, но сè уште не е потврдено дали ќе го води Мароко на собирот во Катар.

Причината за несогласувањата е јасна, кавгата на 69-годишниот стратег со првите ѕвезди на селекцијата, меѓу кои Хаким Зијеч, Амине Мерит и Нусаир Мазрауи. Челните лица на федерацијата сериозно размислуваат да му врачат отказно решение на славниот тренер, но кога ги добиле неговите барање остане во шок.

Наводно, Халилхоџиќ ги се сложил да го напушти кормилото на Мароко само во случај ако на неговата сметка бидат префрлени четири миниони евра. Според тамошните медиуми федерацијата не може да си ја дозволи таа цифра, а босанскиот стратег нема намера да прифати друга понуда. 

Дополнителен проблем за челните лица на мароканскиот фудбал е фактот што и селекторот кој што треба да го замени Халилхоџиќ, Андрес Вилас Боаш бара висока плата, односно 450.000 евра месечно.