Гвардиола за пресвртот: Се јавив во Реал Мадрид и...

Pep

Пеп Гвардиола беше на прагот да загуби уште една титула, но неговите фудбалери со три гола во пет минути анулираа 0-2 против Астон Вила во последното коло од Премиер лигата.

По натпреварот шпанскиот тренер очекувано беше расположен при разговорот со медиумите. Кога беше запрашан за пресвртот, тој се пошегува и го искористи поразот во Лигата на шампионите од Реал Мадрид за да ги насмее новинарите.

„Се јавив во Реал Мадрид и добив добар совет. Нема објаснување за тоа што се случи во Мадрид, но и за ова против Астон Вила. Тоа се моменти кои се убави за доживување. Сигурно ќе нè направат подобри наредната сезона“, рече Пеп со насмевка на лицето.

Ливерпул извиси во битката за трофејот во англискиот шампионат. Екипата на Јирген Клоп победи против Вулверхемптон, но остана на второто место со бод помалку од шампионот.

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-3

    Стивен Џерард

    4-3-2-1