Гвардиола: Сакаме да покажеме добра игра на секој меч, така ќе биде и во Лисабон

Пеп

Манчестер Сити е фаворит број еден за освојување на титулата во Лигата на шампионите, во очите на букмејкерите.

Премиерлигашот во осминафиналето ќе има задача да го елиминира Спортинг. Пеп Гвардиола на прес-конференцијата за најава на првиот натпревар рече дека најмногу е задоволен од хармонијата која владее во неговата соблекувална.

„Имаме одлична хармонија во тимот и тоа е најважно за мене. Останатото ќе го направат играчите. Имаме одлична серија на резултати која се надеваме ќе продолжи во Лисабон. Сакаме да покажеме добра игра на секој меч, на секои три дена. Тоа нема да биде исклучок на мечот против Спортинг“, порача Шпанецот.

Последниот пораз на Сити датира токму од ЛШ, кога на почетокот на декември го „положи оружјето“ кај РБ Лајпциг.