• Мартин Танасковски

Големото дерби меѓу Воска Спорт и Гостивар заврши без победник (0-0) и од тој резултат може да има промена на лидерското место во ВМФЛ, доколку Вардар го добие својот натпревар ова коло.
- Воска Спорт - Гостивар 0-0:
Воска и Гостивар одиграа еден цврст меч, потоа се понудија и повеќе шанси пред двата гола, но не се искористија. Воска останува лидер со 47 бода, пред Вардар со 46 бода, а следи Гостивар со 45 бода. Гостиварчани го одиграа второто реми во низа, по она со Пелистер. А, битолчани следат на табелата со 43 бода затоа што си ја решија задачата.
- Пелистер - Охрид 3-0:
Пелистер дома покажа моќ и го надигра ГФК Охрид (3-0). Така, битолчани се доближија до лидерските тимови Вардар, Гостивар и Воска Спорт. Резултатот го отвори Томе Китановски со глава во 29. минута по корнерот на Благоја Љамчевски, а другите два гола паднаа во вториот дел - првиот беше автогол на Кадриоски по центаршут на Фазлиу, а потоа Бојан Спиркоски ги постави конечните 3-0 во 53. минута.
Екипата на Бобан Бабунски не дозволи противникот да креира ниту една шанса и со тринаесет бода оваа пролет се најдобра екипа во лигата по паузата (заедно со Воска Спорт).
Беласица го одбрани домашниот терен и на „Благој Истатов“ ја победи Саса (2-0). Стрелци на головите беа Даниел Радојчиќ и Јордан Серафимовски во второто полувреме. Детонит Плачковица победи кај Арсими (0-1), човек на одлука беше Сердар Адемов. Борец освои бод кај Кожуф од Гевгелија (1-1), за домашните погоди Бојан Иванов, а за гостите Дамјан Пешовски.
Колото во ВМФЛ ќе го комплетираат Вардар и Караорман, односно Тетекс и Локомотива Пехчево чии натпревари се закажани утре (недела) од 14:00 часот. Лидер е Воска Спорт, но со победа утре Вардар може сам да избир на чело. Гостивар доцни два, а Пелистер четири бода зад охриѓани.