Горан Пандев – најдобриот играч кој во историјата играл за Интер и Наполи

Интер и Наполи во моментов се едни од најдобрите екипи во италијанскиот фудбал. Двата тима ќе одат на мегдан на отворањето на калчото во новата 2023 година, а медиумите направија интересна листа.

Пред пресметката на „Џузепе Меаца“, се одбраа петте најдобри играчи кои ги носеле дресовите на двата клуба низ историјата. А, на врвот е Македонец - тоа е Горан Пандев кој се покажа во одлично светло и во двата табора.

На второто место се наоѓа Салваторе Бањи, третопласиран е Валтер Гаргањо, а најдобрата петка ја комплетираат Хуго Кампањаро и Матео Политано.

Дерби-натпреварот во Серија А се игра во среда од 20:45 часот.