ВИДЕО: Горан Пандев најави „голем проект“ за доброто на македонскиот фудбал

Горан Пандев

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев во изминатиот период беше во Милано, каде го посети стадионот на фудбалскиот клуб Брера.

„Арена Сивика“ важи за еден од најстарите фудбалски стадиони во Европа. Првиот човек на Академија Пандев беше пречекан од претседателот на Брера, Алесандро Алеоти, и најави „голем проект“ за доброто на мак-фудбалот.

Италијанкиот клуб неодамна потпиша соработка со „пандевци“, а има потпишано договори за соработка со двата милански великани Интер и Милан.