• Иван Димовски

Името на Горан Пандев ќе остане запаметено во фудбалската историја на Македонија. Освен што во моментов струмичанецот е рекордер по бројот на настапи и голови во репрезентацијата, тој е и првиот капитен кој го одведе националниот тим на еден голем собир. Пандев долги години беше дел од репрезентацијата, мина низ сè и сешто, од срамни порази, до славни победи, па кариерата ја заврши како што му доликува, со настап на Европското првенство и првиот гол на Македонија на турнирот.
Низ животот, струмичката ѕвезда доби многу признанија и награди во спортот, а сега доби и едно надвор од него. Имено, на традиционалната „Златна Бубамара на популарноста“, оваа година организаторите му оддадоа чест на Пандев. Тој го доби признанието за спортска легенда и присуствуваше на настанот во Скопје. За Пандев беше подготвена интересна најава, во видот на песна изведена од легендарниот Игор Џамбазов.
- Најавата за наградата на Пандев:
По доделувањето на наградата, македонската фудбалска легенда се обрати на публиката и кажа неколку збора.
- Обраќањето на Горан Пандев на церемонијата во Скопје:
Пандев ја заврши играчката кариера во Парма, замина во фудбалска пензија по долги години настапи во повеќе италијански клубови. Заедно со Дарко Панчев и Илија Најдоски, Пандев е во одбраното друштво на единствените Македонци кои се радувале на трофејот во Лигата на шампионите.





