Голманот на Бриж по ПСЖ: „Одлични бевме, немав многу работа на голот“

Екипата на Клуб Бриж го сопре ѕвездениот тим на ПСЖ во првото коло на Лигата на шампионите, на домашен терен со реми (1-1). 

По натпреварот, Симон Мињоле даде интересна изјава. Голманот на белгијскиот тим кажа дека немал премногу работа и покрај тоа што на спротивната страна го имаше триото Меси-Нејмар-Мбапе. 

„Немав баш премногу работа. Игравме многу добро како колектив, исклучително бевме организирани. Не дозволивме да направат премногу шанси за гол. Сите знаеме дека ПСЖ е индивидуално многу моќен, затоа избегнувавме да им дозволиме да доаѓаат во ситуација еден на еден. Го браневме просторот и сè правевме како тим. Сепако, тие се одлична екипа, но повторувам, јас немав премногу работа на голот. Имав само две-три интервенции, кои не беа многу тешки“, изјави Мињоле.

Парижани ќе мораат да играат многу подобро во иднина, бидејќи од нив се очекува многу, особено по доаѓањето на Лионел Меси.