ВИДЕО: Големи победи за Рен и Монпелје во колото на реми-исходи во Лига 1

Третото коло на францускиот фудбалски шампионат главно минја во знакот на нерешените резултати. Сепак, значајни три бода на домашен терен запиша ланскиот учесник во Лигата на шампионите, Рен. „Црвено-црните“ на домашен терен го надиграа Нант со 1-0 (0-0) и ги распрскаа шпекулациите за иднината на Едуардо Камавинга.

Младиот француски репрезентативец доби петнаесеттина минути, влегувајќи во игра на местото на стрелецот на единствениот гол, Терие.

  • Рен - Нант 1-0: 

Савание, Мавадиди и Делорт ги постигнаа головите за победа на Монпелје на домашен терен против Лориент со 3-1. Гостите натпреварот го доиграа со деветмина. Во ова лудо коло, во кое доминираше реми исходот, Стразбур - Троа, Мец - Ремс и Бордо - Анжер одиграа 1-1.

  • Монпелје - Лориент 3-1: 

  • Бордо - Анжер 1-1: 

  • Мец - Ремс 1-1:

  • Стразбур - Троа 1-1:

Колото се затвора вечерва со дербито на Азурниот брег меѓу засилената Ница на Кристоф Галтие и Олимпик Марсеј на Сампаоли.

Состави

Bruno Genesio

4-4-2

    Antoine Kombouare

    4-2-3-1