Голема промена во Серија А ако битката за титула заврши со исти бодови!

Челниците на италијанската Серија А направија голема промена и воведоа ново правило ако екипи кои се борат за титулата на крајот од сезоната имаат ист број на бодови.

Доколку две екипи на врвот имаат ист број на бодови, ќе се игра плеј-оф натпревар. Ќе се игра еден натпревар, ќе се играат регуларните деведесет минути, а ако заврши нерешено, ќе се изведуваат пенали. Ова ќе биде само ако екипите се изедначени во битката за скудетото.

Местата во Европа ќе останат да се одлучуваат со подобар меѓусебен скор. ФИГЦ го воведува новото правило од сезоната 2022/23, а оваа идеја веќе подолго време беше на маса и се разговараше за неа.

Скудетото последен пат е доделено преку плеј-оф во далечната 1964 година кога Болоња го победи Интер со 2-0.