• Горан Упале

За првпат по 30 години Ливерпул на својот „Енфилд Роуд“ игра натпревар како шампион во Премиер лигата. „Црвените“ на Јирген Клоп се домаќини на Астон Вила, а еден фудбалер од домашните редови го привлече вниманието пред натпреварот да започне.
Се работи за белгискиот напаѓач, Дивок Ориги, кој по подолго време е стартер во тимот на Клоп, а кога истрча на терен, ретко кој го препозна. Белгиецот го сменил својот имиџ и ја исфарба косата, со што веднаш стана хит на социјалните мрежи.
- Новиот имиџ на напаѓачот на Ливерпул:
Ливерпул пред повеќе од една седмица ја обезбеди титулата во Премиер лигата, но во првиот натпревар како шампион, пред три дена, беше поразен со високи 4-0 на гости кај Манчестер Сити.