Го избркаа од Ал Наср за да го играат Роналдо, сега е пред договор со Јунајтед!

Кога во тимот доаѓа ѕвезда, некогаш судбината за тебе е сурова. Тоа на своја кожа го почувствува Винсент Абубакар кој доби отказ од Ал Наср за да може да биде регистриран Кристијано Роналдо.

Камерунецот беше главен играч во нападот, се очекуваше да игра заедно со Кристијано Роналдо, меѓутоа Ал Наср мораше да го отпушти. Причината за такво нешто е квотата за странци во саудискиот шампионат, па Абубакар беше прекуброен.

На големо се шпекулира за иднината на Абубакар, а еден од клубовите кои се споменува е Манчестер Јунајтед, токму поранешниот клуб на Кристијано Роналдо од кој Португалецот беше избркан за време на СП 2022 поради контроверзно интервју.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.