Ѓоковиќ му честита скудето на Милан и порача: Ибра, ти си најјак! (ФОТО)

Фудбалерите на Милан по единаесет години се вратија на врвот во Италија и го освоија своето деветнаесетто скудето. Овој подвиг предизвика многу реакции во спортскиот свет, пред сè позитивни и пофални. 

На честитките се приклучи и светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ. Србинот е деклариран навивач на Милан и пријател со Ибрахимовиќ, а „росонерите“ го освоија трофејот токму на неговиот 35-ти роденден. Ноле се обрати на социјалните мрежи, му честита на Милан и го поздрави Ибра. 

„Благодарам што ми го разубавивте роденденот. Ние сме шампиони на Италија, браво момци. 

Ибра, ти си најјак“, напиша Србинот. 

Инаку, Ѓоковиќ го почна својот пат на Ролан Гарос и успешно го мина првото коло. Српскиот тенисер сака да ја нападне титулата и да се израмни по бројот на Грен слем трофеи со Рафа Надал.