Галијани и Берлускони донесоа тринаесетти нов играч во Монца

Италијанска Монца викендов ги стартува настапите во историското деби во Серија А, а непосредно пред него се донесе нов играч во нападот.

Андреа Петања од Наполи е ново име во екипата со која раководи некогашното дуо на Милан, Андреа Галијани и Силвио Берлускони.

Играчот од Наполи доаѓа како позајмен, за позајмицата ќе се плати 2,5 милиони евра, а откупот од десет милиони евра ќе биде задолжителен ако Монца обезбеди опстанок.

Монца е можеби најактивниот калчолигаш на пазарот ова лето. Тимот досега донесе тринаесет нови играчи.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.