Гафни: Шкупи пак покажа квалитет, долго ќе ја паметиме магичната ноќ во Скопје

Фудбалерите на Шамрок Роверс славеа на гостувањето кај Шкупи (1-2) во реваншот од третото претколо во Лигата на Европа, со што си обезбедија место во плеј-офот за влез во групната фаза. 

Еден од најдобрите поединци на теренот беше Рори Гафни, кој беше стрелец на првиот погодок за ирскиот колектив. По натпреварот, тој повторно го пофали Шкупи, нагласи дека е среќен за победата и магичната вечер во Скопје. 

„Тежок прв дел, имавме шанси кои не ги искористивме. Сепак, Шкупи како и минатата недела покажа дека е квалитетен, па среќни сме со резултатот. Со неколку замени успеавме да се смириме на теренот. Среќен сум што фановите дојдоа да не поддржат, сигурно не било лесно. Ова за нас како група е неверојатно, една од ноќите кои не се забораваат.

Мора да се фокусираме на првенството, имаме дерби в петок и мора да се погрижиме за врвот. Доколку не ја добиеме лигата, следната сезона може да нема вакви натпревари“, прокоментира Гафни. 

Ривал на Шамрок во плеј-офот за место во групите ќе игра со Ференцварош. Од друга страна Шкупи продолжува и е на чекор до групната фаза во Конференциската лига, а ривал ќе му биде подобриот од двомечот меѓу Баклани и Клаксвик.