Гафни: Шкупи нема што да загуби, очекуваме да нè нападнат

Шамрок Роверс е во Скопје и се подготвува за натпреварот против Шкупи во рамките на третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Во Ирска, домаќинот славеше со 3-1, па така избраниците на Гоце Седлоски нема да имаат лесна задача. 

Во пресрет на дуелот со Шкупи, своите очекувања од хотелот во Скопје ги изнесе Рори Гафни. 

„Голот во последните минути ни е предност. Не бевме многу среќни по првиот натпревар во соблекувалната. Сметам дека ќе беше поинаку ако натпреварот завршеше со 2-1. Очекуваме одново да нè нападнат, но сметам дека нашиот тренер нема многу да менува. Шкупи нема што да загуби, па со сигурност ќе тргне на сè или ништо. 

Сепак, ако го победиме, ние влегуваме во групна фаза на евро-куп и ќе можеме мирно да го дочекаме плеј-офот. За мене ова е можеби најважната средба во досегашната кариера, бидејќи гарантира европски фудбал за тимот. Не многу екипи од Ирска играле во Европа, Шамрок не бил таму долго и добро е што има натпреварување кое им дава шанса на помалите клубови“, смета Гафни. 

Првиот натпревар заврши со 3-1, ама Шкупи покажа дека може да се носи со ривалот. Сепак, голем хендикеп ќе биде неиграњето на Валид Хамиди, па утре во Скопје чаирчани мора да се надминат себеси за пласман понатаму.