ВИДЕО: Фудбалерите на Бока предизвикаа тепачка по елиминацијата од Копа Либертадорес

Бока

Масовна тепачка се случи по крајот на дуелот меѓу Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс во рамки од осминафиналето во Копа Либертадорес.

Бразилскиот тим успеа да го добие двомечот и да се пласира во следната фаза. Нервозата беше очигледна кај гостите од Буенос Аирес, кои направија инцидент со обезбедувањето и предизвикаа немили сцени по елиминацијата.

Наводно еден од членовите на обезбедувањето испратил навреди, кои не им се допаднале на Аргентинците, па тие одговориле со физичка пресметка.

Од инцидентот најмногу настрада домашниот фудбалер Савињо, кој си замина дома со крвав нос.