ВИДЕО: Фридјонсон ги насмеа сите со неверојатниот гол во Брисел

Репрезентацијата на Исланд одлично ја отвори средбата и поведе на гостувањето кај Белгија, ама домаќинот бргу се врати и го сврте резултатот. 

Сепак, тоа не го одзема фактот дека Фридјонсон постигна еден навистина чуден гол, откако топката доби неверојатно паѓачко ефе и го измами Кастелс. Напаѓачот на Исланд доби проигрување и без размислување шутна, топката се одби од Денајер и летна високо, ама нагло падна кон голот за предност. 

  • Неверојатниот погодок на Исланд:

Радоста траеше многу кратко, бидејќи практично во следната акција Витсел со многу среќа израмни, а четири минути подоцна Белгија и поведе преку Батчуаји.