ФОТО: Фокус и верба во пресврт, Шкупи ги „наплаќа сметките“ против Шамрок

Ако повторат дел од изданијата против Динамо Загреб, фудбалерите на Шкупи може да се надеваат на подвиг и победа најмалку од два разлика против Шамрок во второто претколо на Лига Европа. Поразот од 3-1 во Ирска е заборавен и Гоце Седлоски верува дека тимот може да се надмине себеси.

Шамрок Роверс се соочи со многу проблеми во Бугарија, на првиот од двата натпревари против Лудогорец Разград. Планот на чаирчани е слично да го притиснат ривалот и да го принудат на грешки. Вечерва „гулабите“ тренираа на Арената „Тодор Проески“, а потоа тревникот го почувствуваа Ирците.

Шкупи во вторник од 21:00 часот го пречекува ирски Шамрок со негатива од 3-1 во реваншот од третото квалификациско коло во Лига Европа, а за главен судија на натпреварот е назначен Алексеј Булбаков од Белорусија.

Ако македонскиот шампион го елиминира првакот на Ирска загарантирана е една групна фаза, на Лига Европа или Конференциската лига. Во случај на елиминација Шкупи ќе има уште една шанса за место во групите на Конференциската лига.