Флоренци: За позитивен резултат со Реал Мадрид потребна е среќа

Во првиот осминафинален меч одигран во Рим, фудбалерите на Реал Мадрид остварија сигурна победа од 0-2 и со една нога се веќе во четвртфиналето. По натпреварот свое видување за денешниот дуел даде и Флоренци кој потенцира дека за да го совладаш „кралскиот клуб“ треба и одредена доза на среќа.

„Ние одигравме еден од најдобрите натпревари оваа сезона. Но кога имаш од спротивната страна тим како Реал Мадрид треба да имаш и малку среќа“, изјави по натпреварот Флоренци.

 

Реванш мечот се игра на „Сантјаго Бернабеу“ на 8 март.