• Иван Димовски

Алесандро Флоренци го постигна својот дебитантски погодок во дресот на ПСЖ, со кој екипата на Томас Тухел поведе во домашното првенство против Анжер.
Италијанецот покажа магичен прв допир со топката, ја префрли преку еден играч и со одличен волеј биеше неодбранливо за противничкиот чувар на мрежата.
- Голот на Флоренци против Анжер:
Освен ефектниот погодок на Флоренци, до паузата Нејмар зголеми на 2-0 на аситенција од Килијан Мбапе, но голот на италијанскиот бек навистина се истакнува.